По повод првиот училишен ден од новата учебна 2026/2027 година, денеска ОСУ „Мирко Милески“ Кичево го посети градоначалникот на Општина Кичево, д-р. Александар Јовановски.
Во рамки на посетата, градоначалникот оствари работна средба со директорот на училиштето, Бранислав Стојаноски, на која беа разменети мислења за тековните активности во училиштето, условите за одвивање на наставата, како и за идните планови и приоритети за унапредување на воспитно-образовниот процес.
На средбата беше истакната важноста од континуирана соработка меѓу Општина Кичево и ОСУ „Мирко Милески“, со заедничка заложба за создавање подобри услови за учениците и вработените и обезбедување квалитетна и современа настава.
Првиот училишен ден беше искористен и за упатување пораки за успешна, исполнета и плодна нова учебна година, со многу знаење, успех и нови достигнувања за сите ученици.
На сите ученици и вработени им посакуваме успешна и среќна учебна 2026/2027 година!