Соопштенија и новости

најнови случувања во уличиштето и околу него

Previous Next

Посета од градоначалникот на Општина Кичево

 

По повод првиот училишен ден од новата учебна 2026/2027 година, денеска ОСУ „Мирко Милески“ Кичево го посети градоначалникот на Општина Кичево, д-р. Александар Јовановски.

Во рамки на посетата, градоначалникот оствари работна средба со директорот на училиштето, Бранислав Стојаноски, на која беа разменети мислења за тековните активности во училиштето, условите за одвивање на наставата, како и за идните планови и приоритети за унапредување на воспитно-образовниот процес.

На средбата беше истакната важноста од континуирана соработка меѓу Општина Кичево и ОСУ „Мирко Милески“, со заедничка заложба за создавање подобри услови за учениците и вработените и обезбедување квалитетна и современа настава.

Првиот училишен ден беше искористен и за упатување пораки за успешна, исполнета и плодна нова учебна година, со многу знаење, успех и нови достигнувања за сите ученици.

На сите ученици и вработени им посакуваме успешна и среќна учебна 2026/2027 година!

Отворен ден во ОСУ „Мирко Милески“ - Кичево

Отворен ден во ОСУ „Мирко Милески“ -

Кичево Денес нашето училиште беше исполнето со енергија, насмевки и нови соништа!
Со голема радост ги пречекавме полуматурантите од Општина Кичево и Општина Пласница, кои имаа можност одблиску да го
почувствуваат духот на ОСУ „Мирко Милески“.

Преку интересни презентации, креативни штандови и практични активности,
учениците се запознаа со гимназиското образование и стручните профили, како и со можностите што ги отвора образованието.
Твојата иднина започнува денес!

Избери знаење. Избери успех. Избери пат што води кон твоите соништа!

Добредојде во ОСУ „Мирко Милески“ - Кичево!

All Stories

Прво место на натпреварот по прва помош

 

Со особена гордост информираме дека учениците од двете екипи од здравствената струка од ОСУ „Мирко Милески“ од Кичево го освоија првото место на натпреварот по прва помош со ист број на поени🎖️🏆. Екипата од паралелките на турски наставен јазик освои трето место🥉.

Натпреварот се одржа на 25.04.2026 во организација на Општинската организација на Црвениот крст.

Учениците демонстрираа високо ниво на знаење, практични вештини и исклучителна подготвеност за тимска работа во симулирани итни ситуации. Нивниот успех претставува резултат на континуирана посветеност, одговорност и квалитетна менторска поддршка.

Им упатуваме искрени честитки за постигнатиот резултат и им посакуваме голем успех на регионалниот натпревар🍀.

Previous Next

Учество на МАССУМ 2026

Со голема гордост ги истакнуваме нашите ученици кои учествуваа на Државниот натпревар ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ МАССУМ кој се одржа во Богданци на 23.04.2026 г. и 24.04.2026 г. и достојно го претставија нашето училиште во три категории: социјален бизнис модел, интервју за работа и соло пеење. Особено сме горди на постигнатиот успех - освоено трето место за најдобар социјален бизнис модел, што е резултат на нивната посветеност и тимска работа. 👏📚🏆

Најдобар социјален бизнис модел:

Евгенија Димитриоска

Вероника Степаноска

Анастасиа Арсоска

Ментор: Христина Кузманоска

Соло пеење:

Андреј Дуртановски

Стефанија Миноска

Ментор: Горан Делевски

Интервју за работа:

Јана Матеска

Ментор: Нела Митреска

Честитки до наградените, учесниците и нивните ментори! Овој успех е само поттик за уште поголеми достигнувања во иднина.

Previous Next

Донација од Полиса ПЛУС Осигурително брокерско друштво

Со особено задоволство информираме дека Општинското средно училиште „Мирко Милески“ – Кичево доби значајна донација од Осигурително брокерско друштво Полиса ПЛУС Осигурително брокерско друштво/POLISA PLUS АД Скопје, која опфаќа компјутери, монитори, како и друг ИКТ и канцелариски материјал.

Оваа донација претставува значаен придонес кон унапредување на наставниот процес и подобрување на условите за работа на учениците и наставниот кадар. Современата информатичка опрема ќе овозможи поквалитетна реализација на наставата, особено во делот на дигитализацијата и практичната настава.

Донацијата се реализира во рамки на воспоставената соработка која има за цел поттикнување на општествена одговорност, поддршка на младите и создавање подобри услови за нивен развој.

Изразуваме искрена благодарност до Осигурително брокерско друштво ПОЛИСА ПЛУС АД Скопје за покажаната општествена одговорност и поддршка. Ваквите иницијативи се силен пример за тоа како заедничката соработка помеѓу образовните институции и бизнис секторот може да придонесе за создавање подобра иднина за младите генерации.

ОСУ „Мирко Милески“ – Кичево останува посветено на понатамошно градење партнерства кои ќе придонесат за континуиран развој и унапредување на образовниот процес.

Previous Next

Натпреварот за "Циркуларна економија"

Денес споделуваме одлични вести! Тимот "Thrift Buddy" составен од ученици од IV-5 освои второ место на натпреварот за Циркуларна економија на Економскиот факултет во Прилеп!

Традиционално и оваа година Економски факултет - Прилеп, на 03.04.2026 организираше регионален натпревар за Циркуларна економија за средношколци на кој што учествуваа 26 тимови.

Оваа година ОСУ Мирко Милески - Кичево учествуваше со три тимови:

ТИМ 1: Круг без отпад

Елена Мирческа

Дарио Стојаноски

Симона Папазоска

Марија Јанкулоска

Теодора Анѓелеска

Ментор: Мена Пејоска

ТИМ 2: Свет на насмевки

Стефанија Митреска

Евгенија Димитријоска

Љубиша Момироски

Ангела Станкоска

Матеа Стојкоска

Ментор: Ивона Блажеска

ТИМ 3: Thrift Buddу

Матео Миноски

Матео Настески

Влатко Божиноски

Димитрија Пејоски

Ментор: Биљана Стаматовска

Честитки до наградените, учесниците и нивните ментори! Им посакуваме понатамошни успеси

Работилница „Да препознаеме и спречиме насилство“

На ден 26.03.2026г. стручната служба реализираше работилница „Да препознаеме и спречиме насилство“

Во време кога се повеќе од нашата комуникација се одвива во дигиталниот свет, темата за насилство особено кибер насилството станува се поактуелна и поважна од кога било.

Преку интерактивни активности, дискусии и „живи сцени“, учениците имаа можност да:ги препознаат различните форми на насилство (физичко, вербално, психолошко и кибер),ги идентификуваат знаците на насилство кај себе и кај другите,развијат вештини за соодветна реакција, поддршка и превенција.

Особен акцент беше ставен на кибер насилството како да го препознаеме, како да се заштитиме и како да помогнеме кога некој друг е изложен на него. Учениците покажаа голема зрелост, емпатија и подготвеност да бидат дел од позитивна промена.

Оваа работилница не беше само учење беше чекор кон создавање побезбедна, поразбирлива и похумана средина за сите.Да зборуваме. Да препознаваме. Да реагираме. Заедно можеме да направиме разлика!

Previous Next

Однесување на потрошувачите - едукативна работилница

На 15 март се одбележува Светскиот ден за заштита на правата на потрошувачите. По тој повод, учениците од трет година - економска струка кои го изучуваат предметот Однесување на потрошувачите, одржаа едукативна работилница.

🎯 Целта на работилницата е учениците теоретски да се запознаат со правата на потрошувачите, а преку практични вежби и видео презентации да се соочат со ситуации од секојдневието во кои се нарушени правата на потрошувачите.

🏫На работилницата учествуваа учениците од прва и трета година од економската струка.

Месечен билтен

Следете не на